Лазаров ја победи „својата“ Барселона, Думулан во главна улога

Нант ја победи Барселона со   во „мечот на неделата“ во Лигата на шампионите и се реваншира за поразот во нивниот прв дуел сезонава во „Блауграна“. За францускиот тим ова е седма победа сезонава која му го обезбедува второто место во групата со 15 бода зад неприкосновениот Вардар кој е првата позиција со 18 бода. Пресметката меѓу Кире Лазаров и Борко Ристовски заврши со триумф на „бомбардерот“, кој славеше над тимот со кој го оствари најголемиот успех во својата кариера.

Дербито на завршното коло пред зимската пауза во ЛШ, донесе брз, атрактивен ракомет во сите 60 минути и фантастични голмански интервенции во режија на Гонзало Перез де варгас на едната и на Сирил Думулан на другата страна. Осцилациите во играта на Барселона, францускиот состав знаеше да ги искористи на ефикасен начин. Нант направи позабележителна предност во последните десетина минути од првото полувреме во кои Барселона реализира само еден погодок, а домаќините со серија од 6-0 стигнаа на 16-10, а на одмор заминаа со 16-11.

Нант диктираше и одрѓуваше сигурна предност и во поголемиот дел од второто полувреме достигнувајќи највисоки +7 (18-11, 19-12). Барса се „разбуди“ во последните десет минути и ја стопи негативата на три гола (25-22), но и премногу грешеа каталонците во решавачките моменти за да изборат пресврт на овој меч. А, Нант на голот го имаше неверојатниот Думулан кој собра дури 21 одбрана и беше креатор на големата победа на својот тим.

Шпанецот Давид Балагуер беше прв стрелец во составот на Нант со пет гола, а кај Барселона најефикасен со шест погодоци беше Дика Мем. Двајцата македонски репрезентативци не се наиграа многу во овој дуел. Кире Лазаров постигна само еден погодок за Нант, а Борко Ристовски остана на клупата на Барселона.

Се вчитува...