Нант се уште чека одговор од Лазаров

Една седмица откако јавно го потврдија сериозниот интерес за ангажман на Кире Лазаров, челниците на Нант се уште се во исчекување на конечен одговор од страна на капитенот на македонската репрезентација. Претседателот Гаел Пелетие во изјава за „Беин спортс“ искажа оптимизам дека ќе успее да го ангажира најдобриот стрелец на последниот мундијал, откривајќи дека се уште чека одговор на понудата што била доставена уште пред извесно време.

Оптимисти сме дека Лазаров ќе го избере Нант, мина време од последниот пат кога разговаравме. Навлеговме во ситни детали од договорот и организацијата на клубот, затоа и сме оптимисти дека тој многу сериозно ја разгледува нашата понуда. Апсолутно го разбираме, тој се наоѓа во фаза од кариерата кога никако не сака да направи погрешен избор на клуб. Јас лично имам впечаток дека ништо не може да го блокира овој трансфер, но меѓу прогресот во преговорите и конкретизацијата..“ – истакна Пелетие.

Во меѓувреме, Кире Лазаров продолжува со одличните игри во дресот на Барселона, постигнувајќи четири гола во одличното прво полувреме во Лигата на шампионите против швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен.

Се вчитува...