Наполи е прв четвртфиналист во Купот на Италија

Очекувано лесно екипата на Наполи се избори за место во четвртфиналето на италијанскиот Куп откако во осминафиналната пресметка славеше со 3-1 против Специја.

„Наполитанците“ без проблеми стигнаа до триумфот најавувајќи го уште во 3. минута со голот на Зјелински. Иако гостите преку Пиколо израмнија во 35. минута, сепак во второто полувреме за само една минути, во 56. и во 57. минута следеа два погодоци, на Џакерини и Габиадини, за конечна победа од 3-1.

Manolo Gabbiadini Fantastic Goal HD | Napoli 3… by footballTV

Во четвртфиналето, кое се игра на 24. јануари, Наполи ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Фиорентина и Киево.

Се вчитува...