Наполи го купува Јунес од Ајакс

Италијанскиот калчолигаш Наполи ќе ја засили навалната линија на својот тим со офанзивецот на Ајакс, Амин Јунес. Германскиот интернационалец треба да потпише петгодишен договор со раководството на „наполитанците“, а ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона.

Наполи и Ајакс преговараат за отштетата што треба да ја добие холанскиот тим, а доколку не успеат да се договорат тогаш Јунес ќе дојде на „Сан Паоло“ во јуни како слободен агент. Наполи е подготвен да плати 2 милиони евра, за да го добие Јунес во овој зимски преоден рок.

Се вчитува...