Наполи го „среди“ и третото засилување за на лето

Наполи сепак ќе го доведе во своите редови офанзивецот на Болоња, Симоне Верди, фудбалерот кој одби да се пресели на „Сан Паоло“ во изминатиот преоден зимски рок. Така „наполитанците“ предвреме ќе го завршат и третото засилување за следната сезона, откако претходно ги договорија Тореира од Сампдорија и Грималдо од Бенфика.

Италијанските медиуми тврдат дека договор е веќе постигнат меѓу двата клубови, наводно 90% од работата е завршена, а целосниот трансфер ќе изнесува 22 милиони евра со вклучени бонуси. 25-годишниот Италијанец ќе се приклучи на тимот откако ќе се отвори летниот трансфер пазар.

Наполи претходно се надеваше на услугите на Амин Јунес, кој требаше да пристигне како слободен играч од редовите на Ајакс, но фудбалерот се предомисли, па „наполитанците“ ќе насочија кон „старата“ цел.

Се вчитува...