Наполи не успеа и до деветта победа: Хандановиќ одбрани реми за Интер

Наполи не успеа да остане на максималниот ефект во Серија А од стартот на сезоната, откако во 9. коло, по претходно осум едноподруго победи, ремизираше без голови на дерби пресметката со Интер во Неапол.

Наполи беше многу поблиску до триумфот но Мертенс не реализираше неколку можности, од кои најизгледната во 90. минута кога се најде во зицер позиција но гостинскиот голман Хандановиќ го одбрани неговиот шут.

Домашните и во првиот дел имаа убава шанса преку Мертенс, но и тогаш Хандановиќ одбрани. Во вториот дел шанса имаше и Инсиње, но сепак остана на крајот 0-0.

По ова реми, Наполи сега има 25 бода на врвот, додека Интер остана на втората позиција со 23 бода.

Се вчитува...