„Наполитанците“ ја освоија Болоња

Наполи го задржа максималниот ефект во Серија А и им се придружи на Јувентус и на Интер со по три победи на врвот, откако ја совлада Болоња на гости со 0-3. Домаќинот имаше сили за да даде отпор околу еден час од играта, но потоа „наполитанците“ доадоа гас и на крајот славеа убедливо.

Хозе Кајлехон во 66.минута го отвори резултатот, откако со удар со глава ја затресе противничката мрежа по центаршутот на Инсиње. Мертенс украде една топка и го реши победникот, а Зијелински во завршницата постигна и трет гол за убедлив триумф на тимот на Маурисио Сари.

All Goals & Highlights HD – Bologna 0-3 Napoli… by Jek09Pre

Се вчитува...