Направена нова статуа на Роналдо, далеку подобра од првата (Фото)

Познатиот шпански скулптор Хосе Антонио Наваро Ортега, направи статуа на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, која треба да биде поставена во музејот на шпанскиот гигант.

Статуата веќе е споредувана со онаа која стои на аеродромот „Кристијано Роналдо“ во Мадеира, направена од португалскиот скулптор Емануел Сантос. Двете бисти се неспоредливи, новата далеку повеќе наликува на фудбалерот.

Скулптурата е направена од бронза, висока 90 центриметри и тежи 60 килограми.

1511769442842623795073_10210388070844192_6077188921496496243_n 

Се вчитува...