Наредба во Баерн Минхен: Сите да зборуваат на германски јазик

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, им се закани на сите интернационалци во клубот дека треба што е можно побрзо да го научат германскиот јазик и со него да се служат на официјалните тренинзи и во соблекувалната. Во спротивно, ќе следат казни.

„Основниот јазик во соблекувалната на Баерн Минхен треба да биде германскиот. Така нема да има поделеност меѓу фудбалерите. Погледнете го Карло Анчелоти, како добро се користи со германскиот јазик. За никого не е добро да не зема учество во разговорите во соблекувалната, а ако не го знаеш јазикот, тоа значи дека не сакаш долго да останеш во клубот. Рибери многу брзо го научи германскиот јазик и очекувам тоа да го направат и сите нови странци во нашиот клуб. Во спротивно, ќе следат казни“, истакна претседателот на Баерн Минхен.

Се вчитува...