МЗТ Скопје претрпе катастрофален пораз од Будуќност, но барем Андреј Најстовски цел живот ќе го памети денешниот меч во Подгорица. Младиот кошаркар на македонскиот првак не само што заигра за првиот тим, туку и испиша историја станувајќи најмлад играч што настапил на натпревар во АБА-лигата.
Згора на тоа, Настовски успеа и да се запише меѓу стрелците, со луцидно положување во самата завршница поставувајќи го конечниот резултат.
Тешко е да се поверува дека младиот играч сезонава ќе добие поголема минутажа, но во секој случај радува што во школата на МЗТ Скопје се создаваат играчи кои сериозно атакуваат на место во сениорскиот состав.
[youtube id=”EzilV6WNRHA” width=”640″ height=”380″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА