Наташа Андонова стрелец во триумфот на Барселона

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова беше стрелец на погодок за својот тим Барселона на дуелот против Хуелва во рамките на шпанското фудбалско првенство. Каталонскиот тим славеше со 3-0, а Андонова го постигна третиот гол за Барса во 74.минута. Двоен стрелец беше Патриција Гуихаро.

Барселона води трка за шампионската титула во Шпанија со тимот на Атлетико Мадрид, а досега и двете екипи имаат само по едно реми меѓу победничкиот чекор.

Се вчитува...