Наташа Андонова стрелец за Барселона во ЛШ

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова беше стрелец на погодок за својот тим Барселона на првиот осминафинален меч од Лигата на шампионките против литванскиот тим Гинтра. Барселона победи со убедливи 0-6 на гости, а Андонова го постигна шестиот погодок за каталонскиот состав.

Македонската фудбалерка влезе на овој натпревар како резерва во 65.минута, а и таа минутажа и беше доволна за да успее да се запише меѓу стрелците. По убедливиот триумф во Литванија, јасно е дека Барселона се наоѓа на чекор до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионките.

Се вчитува...