Наумче Мојсовски нов претседател на РК Струга

Долгогодишниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски, се враќа во својот матичен клуб РК Струга, но во нова улога како претседател и главен спонзор на клубот.

Иако Мојсовски подолго време го помага струшкиот клуб, на раководната функција официјално беше назначен на редовното годишно собрание на клубот.

Амбициите како што најави, се РК Струга како расадник на ракометни таленти, да се врати на старите позиции. А, првата цел  сезонава е да избори настап во Супер лигата и во новата сезона да стартува со засилен состав и со многу поголеми амбиции.

По есенскиот дел во Првата лига, РК Струга е на третата позиција на табелата зад Бутел и Металург јуниор.

Се вчитува...