Наумоски: Кажав и претходно – клубовите не сакаа промени

Вторпат во последните 14 месеци Петар Наумоски преживеа обид за негова смена, овојпат со предност од само два гласа во однос на својот противник од спротивната страна, Владо Илиевски. Предводникот на мак-баскетот не го криеше задоволството од остварената победа, најавувајќи дека во следниот период ќе се посвети на развој на кошарката, наместо на битка за гласови.

„Јас и претходно кажав дека желбата за промена не е на клубовите, туку на индивидуи кои ги собираа и лобираа клубовите да дојдеме до нешто што не ни беше потребно. Пред само дванаесет месеци се гласаше доверба, доколку во тој период имаше нешто драстично променето тогаш имаше очекувања да дојде до такво нешто. Но, знаеме дека немаше такви турбуленции, немаше проблеми во лигата, а репрезентацијата победи на два меча. Влијанието на самото раководство се гледа погрешно, нашето влијание кај сениорите и младинците го нема. Треба да се знае, се доаѓа од клубовите. Тие ни даваат „готов производ“, а ние му даваме можност да се натпреварува со другите од Европа“, изјави Наумоски веднаш по новата победа на Собранието на МКФ.

Се вчитува...