Наумоски: Пасошот на Теодор е во процедура, уште чекаме на Николов…

Претседателот на Македонската Кошаркарска Федерација, Петар Наумоски, е оптимист дека соработката со Јорданчо Давитков ќе биде успешна и новиот селектор ќе ги исполни зацртаните цели со пласманот во квалификациите за СП 2019.

Би сакал да му поскам на селекторот успешни подготовки,, на крајот да не израдува сите заедно да одиме заедно понатаму. Целата ситуација е таква каква што е, не бегаме од одговорност, нормално дека во такви услови се бараат вистински луѓе, издржливи, за да може да се надополни оној вакум од десетина години во кои никој не обрнувал внимание на младинските категории. Можам да кажам дека Давитков за мене не е непозната личност, ние бевме и соиграчи и цимери во најдобрата сезона на Работнички. Верувам во него и оптимист сум дека ќе стигнеме до посакуваните резултати“ – истакна Наумоски.

Првиот човек на МКФ откри дека е во исчекување на завршување на процедурата за добивање пасош на Џордан Теодор, кој треба да биде странскиот кошаркар кој би бил значаен адут во овој претквалификациски циклус. Воедно, Наумоски најави и дека за околу 24 часа би требало да се знае дали Кристијан Николов ќе заигра за Македонија, откако младиот плејмејкер пред неколку години се откажа од македонскиот пасош за да може настапува во Турција.

Процедурата за пасош треба да се комплетира со одлуката на Владата на РМ, ние очекуваме тоа да биде средено во блиска иднина за Теодор да добие зелено светло за настап за нашата репрезентација. Што се однесува до Кристијан Николов, тој е поканет и е ставен на списокот и најверојатно по утрешниот ден ќе имаме почиста ситуација дали ќе се приклучи на подготовките или не.  Пречката  тој да добие македонски пасош, а да не му се загрози статусот во Турција, ние како федерација сме подготвени да ја решиме“ – истакна првиот човек на МКФ.

Се вчитува...