Навивач влета на терен на „Пољуд“, судијата бегаше околу играчите (видео)

Хрватското дерби меѓу Хајдук и Ријека заврши со израмнети 1-1, но мечот ќе остане запаметен по инцидентот во самиот финиш, кога еден навивач на домашниоот тим влета на теренот. Откако десетина минути претходно досуди сомнителен пенал за Ријека, судијата се исплаши, па почна да бега околу играчите, иако хулиганот не тргна директно кон него, туку настојуваше уште повеќе да ја „запали“ атмосферата на трибините.

[youtube id=”q8ilQnJ-3P4″ width=”640″ height=”380″]

Што се однесува до случувањата на теренот, мечот заврши со 1-1, откако Хајдук поведе во првото полувреме преку Хамза, а гостите израмнија со пеналот на Безјак во 81. минута. Стефан Ристовски поради суспензија не настапи за Ријека на оваа средба, додека Жута ги одигра сите 90 минути на позицијата лев бек за гостинскиот тим.

Ријека со овој бод остана на „плус четири“ од Динамо Загреб во трката за шампионската титула.

[youtube id=”ExoMhL4f878″ width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...