Назор: Ја научивме лекцијата против Работнички

Кошаркарите на МЗТ Скопје доминираа во дерби мечот против Карпош Соколи, а тренерот на аеродромци, Анте Назор задоволен што неговите избраници се поправија во одбраната и го оставија противникот на само шеесетина поени.

„Ние моравме да играме агресивно во одбраната за да ја добиеме посакуваната победа. Тоа го кажав и на почетокот на сезоната, клуб кој се бори за титула мора да игра агресивно во одбраната, за да може полесно и помудро да ги организира нападите. Ја научивме лекцијата од дуелот со Работнички и заигравме далеку подобро во дефанзива. Екипата на Карпош знае да игра офанзивна кошарка, а наша задача беше да го смалиме бројот на поени и да изнудуваме шутеви. Тоа ни успеа и среќен сум што натпреварот се движеше според планот. Ова е прв пат да ги победиме со голема разлика, треба да продолжиме да играме со овој ритам, во наш стил и победиме ќе доаѓаат.

Хрватскиот изборник ги пофали и судиите за коректното судење, но признава дека во македонската лига има многу мешање од страна околу арбитражата.

„Приметувам дека во оваа лига многу луѓе се фокусираат на судиите, да им вршат притисок. Арбитрите си ја вршат само работата, бидејќи на секој натпревар тие ја делат правдата најкореткно што можат“ – истакна Назор.

Се вчитува...