Назор: МЗТ мора цело време да ја контролира играта

МЗТ Скопје славеше убедливо на дербито против Работнички, но тренерот Анте Назор е свесен дека неговиот тим мора да игра уште подобро доколку сака да ја одбрани титулата во домашното првенство. Тој посочи дека ќе настојува во иднина неговиот тим да нема толкави осцилации во играта, како што тоа беше случај во денешната пресметка со вечниот ривал.

Ако гледаме резултатски, секако дека сум задоволен за победата. Ако говориме за играта, не можам да кажам дека беше беспрекорно бидејќи кога игравме онака како што знаеме, лесно постигнувавме поени. Сепак, потоа недозволиво имаше падови, му дозволивме на Работнички да не внесе во сопствениот ритам, а кога тоа се случува е како да се најдеш пред „стрелачки вод“. Кога требаше заигравме како што треба, секако дека своја улога имаше и подолгата клупа што ја имаме, но МЗТ како тим мора секогаш да настојува да цело време да ја контролира играта. Ако успееме во тоа, полесно ќе доаѓаме до резултатите што ги посакуваме“ – изјави Анте Назор по вечерашниот триумф.

Се вчитува...