Назор зборува, никој не го слуша: Тие што го сакаат МЗТ заслужуваат многу повеќе…

Се поочигледни се фрустрациите кај Анте Назор откако станува очигледно дека младиот хрватски стратег не успева да ја даде неопходната „шок-терапија“ за МЗТ Скопје да почне да наликува на сериозен клуб. Стратегот на „металците“ во изминатиот период упорно повторуваше дека акцент мора да се стави на одбраната, но се е попусто кога никој не го слуша, па македонскиот првак вечерва од Цедевита прими 100 поени.

Видно разочаран на прес-конференцијата, Назор потенцираше дека очекува многу повеќе од своите кошаркари, исто како и тие што го сакаат МЗТ Скопје, навивачите и луѓето кои инвестираат пари во македонскиот првак, заслужуваат многу повеќе.

Не знам што да прокоментирам по средба во која мојата екипа прими 53 поени за едно полувреме и вкупно 100 на крајот, што е неверојатно. Уште од првиот ден кога дојдов во Скопје потенцирав дека одбраната е најголем проблем во оваа екипа, а ваквиот дефанзивен пристап како на денешниот натпревар, без разлика што игравме против тим од врвот на табелата, е нешто што не смее да ни се случува. Ни недостасуваше борба, а кога го нема тоа паѓа во вода целата тактика. Нема да барам алиби во играчите што не можеа да помогнат и во фактот што Цедевита е екипа за фајналфор, бидејќи ако не сфатиме дека тие што доаѓаат да не гледаат, тие што го сакаат клубот и тие што даваат пари не заслужуваат нешто повеќе, тогаш јас како тренер не знам што повеќе да кажам. Со ваков пристап нема да стигнеме далеку, изјави Назор.

Се вчитува...