Оклахома го урна Голден Стејт

Вистинска лудница се случуваше во Оклахома, по големата победа против Голден Стејт со 108-91, во синоќешниот натпревар во НБА лигата. Кевин Дурант се врати во Оклахома во гостинска улога и запиша 21 поен и одново беше пречекан со свирежи од публиката која се уште не може да му ја прости преселбата во Голден Стејт.

Во домашниот состав блескаше Вестбрук со 34 поени, 10 скока и девет асистенции, Ентони додаде 22 поени, а Џорџ запиша 20 поени.

Мајами го победи Бостон со 104-98 и ја прекина серијата од 16 победи на „селтикси“. Дури 53 поени или половина од вкупниот скор на Мајами ги постигнаа заедно Горан Драгиќ (27) и Дион Вејтерс (26).

Во калифорниското дерби, Сакраменто славеше против ЛА лејкерс со 113-102. „Кралевите“ во победата ги предводеа Вили Стајн со 26 поени и шест скока и Зек Рендолф со 22 поени, седум скока и седум асистенции.

Кај лејкерси најефикасни беа Кентевијус Колдвел-Поуп со 20 поени, Кузма со 17 и Кларксон со 15.

Резултати:

Шарлот – Вашингтон 129-124

Кливленд – Бруклин 119-109

Филаделфија – Портланд 101-81

Алтанта – ЛА клиперс 103-116

Мајами – Бостон 104-98

Њујорк – Торонто 108-100

Хјустон – Денвер 125-95

Мемфис – Далас 94-95

Минесота – Орландо 124-118

Њу Орлеанс – Сан Антонио 107-90

Оклахома сити – Голден Стејт 108-91

Феникс – Милвоки 107-113

Јута – Чикаго 110-80

Сакраменто – ЛА лејкерс 113-102

Се вчитува...