НБА шампионите Голден стејт одбија прием кај Доналд Трамп

Кошаркарите на Голден стејт, новите НБА шампиони, одбија прием во Белата куќа кај претседателот на САД, Доналд Трамп.

По тајното гласање на сите играчи на „воините“ едногласно било одлучено дека не сакаат да одат во посета на контроверзниот американски претседател, па од традиционалната посета на Белата куќа нема да биде ништо.

Голден стејт синоќа славеа со 129-120 против Кливленд за шампионска круна, а МВП на финалето беше Кевин Дурант.

Се вчитува...