Не е исто без Меси: Аргентинците поразени во Ла Паз

Фудбалската репрезентација на Аргентина доживеа тежок пораз (2-0) од Боливија на гостувањето во Ла Паз, што може да ги загрози шансите за пласман на СП 2018 во Русија. Без Лионел Меси, кој доби суспензија од ФИФА поради пцовки кон главниот судија на минатиот меч, селекторот Бауза не можеше да пронајде состав што ќе одговори на предизвикот. Можеби и самиот погреши, со оглед дека го остави Дибала на клупата, а Агуеро го внесе во игра дури во второто полувреме од овој натпревар.

Боливија поведе со голот на Хуан Арсе во 31.минута, а Марсело Морено зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел. „Гаучосите“ немаа расположен фудбалер кој би можел да ги врати во игра на овој меч.

Juan Arce Goal HD – Bolivia 1-0 Argentina 28… by dailyfootballkickMarcelo Moreno Goal HD – Bolivia 2-0 Argentina… by dailyfootballkick

Се вчитува...