Барселона им се врати на победите во Ла Лига, совладувајќи го Еибар со 0-2 на гости. Каталонскиот тим по овој триумф повторно има 10 бода предност во однос на Атлетико Мадрид на врвот на табелата.
Луис Суарез во 16.минута го отвори резултатот, а Еибар делуваше опасно се до 66.минута, кога Орељана беше исклучен. Тој заработи втор жолт картон, а каталонскиот тим знаеше како тоа да го искористи. Во завршницата, Жорди Алба во 88.минута постигна втор погодок за Барселона и беше јасно дека триумфот ќе му припадне на тимот на Ернесто Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА