Не може Трајковски толку кошеви да даде, колку што МЗТ е кадарен да прими (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шампионот не стартуваше според очекувањата во македонскиот шампионат. МЗТ Скопје Аеродром загуби (83-85) во „Јане Сандански“ од стариот познаник Карпош Соколи, тимот со кој и минатата сезона се надмудруваше во битката за титулата. Овојпат „металците“ го имаат Бојан Трајковски на своја страна, но тој и не можеше вечерва се сам, против екс-клубот од Карпош. Постигна 34 поени, но немаше доволно поддршка од соиграчите.

Проблемот на МЗТ Скопје е многу очигледен, очајната игра во одбраната. Тренерот Александар Тодоров ќе мора да ги натера своите кошаркари да играат многу подобра одбрана под својот обрач. Во спротивно, ќе следат уште порази…

Од друга страна, „соколите“ одиграа одличен меч, борбено и посветено, иако се „шушка“ дека не е се така сјајно во тимот од Карпош…Финансиски, нели…

[new_royalslider id=”810″]

Се вчитува...