Недвед: Јувентус не е фаворит против Порто - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Недвед: Јувентус не е фаворит против Порто

Недвед: Јувентус не е фаворит против Порто

Италијанскиот шампион Јувентус го доби Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите, после денешната ждрепка од ова натпреварување. Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед смета дека „бјанонерите“ не се фаворити против португалскиот претставник и според него, нема лесни противници во најелитното фудбалско друштво.

„Во Лигата на шампионите секогаш е тешко и не постојат лесни натпревари. Никогаш не сум бил задоволен од ждрепката, затоа што не знаеш што те очекува. Не треба никого да потцениме и доколку сакаме успех, ќе мора да одиграме максимално подготвено и респектабилно кон противникот“ – смета Недвед.

Првиот натпревар се игра во Португалија, на 22 февруари, додека пак реванш пресметката ќе биде на 14-ти март во Торино. Порто е добро познат на италијанската публика, затоа што во ЛШ ја елиминираше Рома.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.