Нејмар дојде да се збогува со играчите на Барселона – и си замина

Бразилецот Нејмар и дефинитивно прави трансфер во Пари Сен Жермен. Ова доби своја нова потврда утринава, кога фудбалерот пристигна во тренинг – кампот на Барселона, но само за да се поздрави со фудбалерите и со стручниот штаб, а потоа си замина. Тој не одржа тренинг со досегашните соиграчи, што јасно покажува дека ќе ја промени средината. Според најавите, комплетниот трансфер треба да биде реализиран во наредните неколку дена, а тој ќе биде претставен како нов играч на ПСЖ на најголемиот плоштад во Париз.

Трансферот на бразилскиот ас ќе биде најголем во историјата и ќе ги урне сите рекорди, а ПСЖ ќе ја плати отштетната клаузула вредна 222 милиони евра. Нејмар ќе потпише петгодишен договор со „светците“ и ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Се вчитува...