Нејмар е бесен, бара ПСЖ да го продаде Кавани!

Конфликтот меѓу Едисон Кавани и Нејмар во редовите на ПСЖ е преголем за работите да можат да се решат по мирен пат. А чувствувајќи моќ и поддршка од претседателот Ал Келаифи, Нејмар решил да покаже кој е кој во клубот, иако само што пристигна, барајќи Кавани шти поскоро да си замине од „Паркот на принцовите“.

Уругваецот денеска порача дека ситуацијата се смирува и дека нема непријателство меѓу него и Нејмар, но бразилската ѕвезда по се изгледа се чувствува навредено откако втор натпревар по ред не му е дозволено  да изведе пенал. Каталонските медиуми повикувајќи се на извори блиски до Бразилецот тврдат дека тој самиот иницирал конфликт во соблекувалната, за потоа гласно да побара од Ал Келаифи да го продаде Уругваецот.

На потег е првиот човек на ПСЖ, кој стори се за да го убеди Нејмар да дојде на „Паркот на принцовите“, па интересно ќе биде да се види дали Катарецот ќе ги смири страстите меѓу двете мегаѕвезди, или ќе подлегне на притисокот и ќе го продаде Кавани веќе во јануари.

Се вчитува...