Нејмар исклучен, но Кавани е тука… ПСЖ се спаси во 93. минута од пораз (видео)

Фудбалерите на ПСЖ успеаја да се спасат од првиот пораз сезонава во францускиот шампионат, откако со гол на Единсон Кавани во 93. минута извлекоа 2-2 на гостувањето против Олимпик Марсеј во дербито на 10. коло.

Домашните беа пред огромен триумф по предноста од 2-1 која ја стекнаа во 78. минута со голот на Таувин. Задоволството беше засилено во 87. минута по исклучувањето на Бразилецот Нејмар поради неспортско однесување.

Но, на сцена стапи Единсон Кавани и со гол во 93. минута извлече 2-2 за ПСЖ.

Претходно, во првиот дел Луиз Густаво го доведе Марсеј до водство во 16. минута, а Нејмар израмни во 33. минута.

По ова реми, ПСЖ има 26 бода, сега само четири повеќе во однос на второпласираниот Монако.

Се вчитува...