Нејмар ја доби наградата „Златна самба“

Бразил е најголем извозник на фудбалери во Европа, па оттаму и наградата „Златна самба“ што му се доделува на најдобриот „кариока“ кој игра на Стариот континент. Признанието за изминатата 2017 година очекувано му припадна на Нејмар. Напаѓачот на Пари Сен Жермен играше одлично и во дресот на Барселона, го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот вреден 222 милиони евра, а продолжи со добри игри и во ПСЖ. Оттаму и наградата „Златна замба“ замина во неговите раце.

Тој го освои ова признание и во 2014 и во 2015 година, додека беше дел од Барселона.

На второто место во овој избор се најде Фелипе Кутињо од Ливерпул, додека трет е Марсело од Реал Мадрид.

Се вчитува...