Нејмар ја доби „војната за пенали“ со Кавани

ПСЖ продолжува да реди победи во францускиот шампионат, во вчерашното дерби „светците“ лесно и убедливо го совладаа Нант со 4-1, меч во кој Единсон Кавани два пати се запиша меѓу стрелците. Уругваецот по мечот задоволно ја коментираше новата победа, но го промени расположението откако беше прашан за темата „пенали“ за која водеше конфликт со Нејмар.

Воедно, Кавани откри дека ја загубил таа битка и дека Нејмар ќе биде фудбалерот што во иднина ќе ги изведува ударите од белата точка за ПСЖ.

Следниот пенал што ќе го добиеме, ќе го изведе Нејмар. Тоа е се што можам да кажам“ – истакна Кавани, потоа на новинарско прашање дали станува збор за договор со Бразилецот, одговори: Не, така реши тренерот. Тоа е негова работа.

Се вчитува...