Нејмар пцуеше и им побегна на новинарите (Видео)

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар по натпреварот со Селтик не можеше да се контролира кога новинарите го прашаа колку се вистинити шпекулациите околу неговата преселба во Реал Мадрид. Иако летово го постави новиот рекорд за платена сума за еден фудбалер, Нејмар е во постојан притисок од медиумите, наводно не е среќен во Париз, татко му има договорено трансфер во Реал, се кара со тренерот и соиграчите, сите овие шпекулации го вознемируваат најскапиот играч на планетата, па може да се каже дека му дојде „преку глава“.

Бразилецот откако го слушна прашањето почна да пцуе, па веднаш си замина од микс зоната не одговорајќи на ниту едно друго прашање.

https://youtu.be/8jfgtHLa910

Се вчитува...