Нејмар се расплака пред новинарите: Престанете да пишувате лаги за мене... (Видео) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Нејмар се расплака пред новинарите: Престанете да пишувате лаги за мене… (Видео)

Нејмар се расплака пред новинарите: Престанете да пишувате лаги за мене… (Видео)

Селекторот на Бразил Леонардо Баки, или познат како Тите, по триумфот над Јапонија од 3-1 на прес конференцијата пристигна во придружба на Нејмар, со намера да ги демантира шпекулациите околу фудбалерот на ПСЖ во последно време. Ѕвездата на „светците“ се расплака откако Тите застана во негова одбрана, посочувајќи дека Нејмар нема апсолутно никакви проблеми со него… А, потоа и самиот Нејмар демантираше дека постојат недоразбирања со Унаи Емери и со Кавани.

„Сo него соработувам веќе една и пол година, и преку глава ми е да слушам како Тите има проблем со Нејмар поради неговиот карактер и неговото влијание во соблекувалната. Никој не е совршен, сите сме луѓе кои понекогаш реагираме на погрешен начин. Лојални сме еден на друг, Нејмар е човек со големо срце“, истакна Тите, на кого се надополна и Нејмар не криејќи ги солзите:

„Сакам да престанете да измислувате лаги за мене. Со мојот тренер Емери немам апсолутно никаков проблем, ниту со неговата стратегија. Прво што направив кога дојдов во Париз му посочив на тренерот дека сум тука да помогнам на клубот да постигне што повеќе успеси, никогаш не сум се сомневал во тактиката на тимот. Сакам само да бидам среќен во мојот нов клуб, а не да создавам непотребни проблеми. Ја знам мојата улога на теренот и правам се што ќе ми каже Емери“.

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.