Нејмар се збогува со видео: Барселона беше исполнување на сонот, ПСЖ е нов предизвик

Бразилецот Нејмар и официјално е нов член на ПСЖ, откако потпиша петгодишен договор со францускиот клуб. Тој денеска го раскина договорот со Барселона, откако ПСЖ ја плати клаузулата вредна 222 милиони евра, и го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Нејмар со видео се збогува од Барселона, нејзините фанови, и досегашните соиграчи, истакнувајќи дека доаѓањето на „Камп Ноу“ за него било исполнување на детскиот сон. На 21 година имаше можност да заигра со легенди како Чави, Пујол, Меси, Валдес, Иниеста, а потоа беше дел од „МСН“ триото, заедно со Меси и Суарез. Бразилецот истакна дека животот и фудбалот се полни со предизвици, а Пари Сен Жермен е нов голем предизвик во неговата кариера.

Се вчитува...