Нејмар во Бразил поправа заби и јаде лебарки и црви (ВИДЕО)

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар доби „отсуство“ во францускиот тим поради „семејни причини“ и помина неколку дена во родниот Бразил. Во кусиот одмор, фудбалерот го посети личниот заболекар, а беше гостин и во шоуто на локалниот блогер Матеус Матзафера.

Во забавната игра што му ја постави блогерот, Нејмар требаше да одговори на пет незгодни прашања. А, таму каде што немаше одговор, имаше „пенали“, па Нејмар мораше да јаде црви и лебарки.

Фудбалерот два пати не одговори на прашањата и доби казнен оброк. Нејмар јадеше црви за да не открие какви му се односите со пејачката Деми Ловато за која има гласини дека се во љубовна врска. А, не кажа ни кој од неговите пријатели – Џастин Бибер, Луис Хамилтон и Габриел Медина, е најголем „женкар“.

Се вчитува...