Нема интерес за ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, влезниците се делат на лотарија

Зимските олимписки игри  што ќе се одржат од 9 до 25 февруари 2018 година во Пјонгчанг, се на праг да дожиеват вистински дебакл во однос на посетеноста. Влезниците за олимписките натпревари се пуштени во продажба, но резултатите од продажбата се разочарувачки, објавија организаторите. Голем дел од влезниците веќе почнаа да се делат на лотарија.

Малата популарност на зимските спортови во Ј. Кореја, и уште повеќе политичката напнатост на Јужнокорејскиот полуостров откако Северна Кореја ја тестираше ходрогенската бомба, се главните причини кои драстично го намалува интересот на гледачите да присуствуваат на ЗОИ 2018.

Точно е дека првата фаза од продажбата на влезниците има разочарувачки резултати. Ќе дадеме се од себе да внесеме што повеќе олимписки ентузијазам  и со повеќе настани да ги привлечеме посетителите“ – изјави Сонг Хун-Сеок од службат за односи со јавност во олимпискиот организациски комитет за ЗОИ 2018.

Јужна Кореја која нема голема традиција во зимските спортови, има намера да покрене кампања со различни урбани настани со кои настојува да го привлече вниманието на европската и на северноамериканската публика да ги пополни олимписките борилишта.

За ЗОИ 2018 постојат 1.18 милиони места, а засега се резервирани само 162.000 од кои 52.000 се поделени со лотарија. Од организацискиот комитет на ЗОИ 2018 најавија дека преку лотарија ќе бидат поделени уште 600.000 влезници.

Се вчитува...