Нема крај на малерите: Нова повреда на Давид Митов, ги пропушта Финска и Азербејџан!

Нема крај на малерозните повреди за македонскиот репрезентативен голман Давид Митов Нилсон, кој ќе мора да ги пропушти и двата пријателски натпревари на Македонија овој месец против Финска и Азербејџан.

Митов заработи повреди на зглобот на десната рака на тренингот на својот Норчепинг, поради што како што информираат од клубот ќе мора да паузира во следните три недели.

Токму тоа значи и отсуство за македонскиот репрезентативец од новиот репрезентативен собир и пријателските натпревари против Финска и Азербејџан кои не очекуваат на 23. односно 27. март во Анталија.

27-годишниот Митов секако се очекуваше да биде на списокот на селекторот Игор Ангеловски за собирот овој месец, но ќе мора да го пропушти.

Списокот на повикани фудбалери за пријателските мечеви со Финска и со Азербејџан, селекторот Игор Ангеловски ќе го соопшти в среда во 11 часот.

Се вчитува...