Нема крај на малерите за Стеф Кари: Нова повреда, сега на коленото (ВИДЕО)

Нема крај на малерите за Голден стејт и Стеф Кари. Откако мораше да паузира поради повредата на зглобот, извонредниот кошаркар на Вориорс синоќа се врати на паркетот на мечот против Атланта кој неговата екипа го доби со 106-94. Но, само по 29 минути игра повторно мораше да го бара патот кон соблекувалната.

Кари повторно се повреди откако на неговата нога стапна соиграчот МекГи, па страдаше коленото на Стеф. Кратко по неговото повлекување во соблекувалната од Голден стејт официјално објавија дека Кари има истегнувањето на лигаментите на коленото поради што нема да се враќа во игра.

За денеска се закажани детални лекарски прегледи по кои би требало да биде позната тежината на повредата и должината на евентуалното отсуство.

Стеф Кари оваа сезона веќе пропушти 21 меч за Голден стејт, главно поради проблеми со скочниот зглоб.

Се вчитува...