Нема крај за агонијата на Казорла, Шпанецот повторно мораше „под нож“

Фудбалерот на Арсенал, Санти Казорла, одново мораше да замине на операција, откако почувствувал болки во скочниот зглоб. Тој долг период се мачи со повредата, а веќе деветти пат мораше да оди „под нож“.

Иако Арсен Венгер пред извесно време посочи дека Казорла полека, но сигурно закрепнува и се очекува да почне со тренинзи кон почетокот на 2018 година, но новата операција повторно ќе го одложи неговото враќање на терените.

Натпреварот против Лудогорец во октомври 2016 година беше последен за Казорла во дресот на Арсенал, а оттогаш неколку пати беше „под нож“ со цел да си ја спаси фудбалската кариера.

  

Се вчитува...