Нема нов договор за Иниеста, Интер веднаш со понуда

Барселона нема да му нуди нов договор на Андрес Иниеста, а по ваквата одлука Интер веднаш тргна во офанзива за неговиот потпис. Иако звучи изненадувачки, Интер е подготвен да ги задоволи потребите на Иниеста, а кај Спалети секако ќе биде во прв план.

По цели 15 години во каталонскиот дрес, Иниеста ќе ја игра последната сезона на „Камп Ноу“, а од 2018 година кога ќе му заврши договорот, 33-годишниот плејмејкер ќе бара нова средина.

Интер ја следи ситуацијата, а најверојатно ќе се обиде уште ова лето да го ангажира Шпанецот. Новиот тренер на Барселона, Ернесто Валверде ќе прави драстични промени во тимот со цел да го врати на врвот во Еворпа и Шпанија, а во „реновирањето“ на тимот нема место за Иниеста, што покажува колку е суров моредниот фудбал и дека на стара слава не можеш да се потпреш.

Андрес Иниеста важи за еден од најдобрите играчи од средната линија во историјата. Заедно со Чави се сметаа за најдобар дует кој некогаш постоел во фудбалот, а по повеќе од 600 натпревари со Барселона освои се што можеше да се освои. Минатата сезона повреда го спречи повеќе да придонесе за клубот, одигрувајќи само 13 натпревари.

 

Се вчитува...