Нема полуфинале за Фени во БИБЛ: Теодо преголема пречка за кавадарчани

Кошаркарите на Фени индустри го завршија својот настап во четвртфиналето на БИБЛ. Тие загубија на гостувањето против Теодо со 81-68 и не успеаја да ја одбранат предноста од три поени (97-100) од првиот меч во Кавадарци. Тоа значи дека Теодо се пласира во полуфиналето каде ќе се сретне со Берое.

Црногорскиот тим уште во првата четвртина ја анулира негативата од првиот меч и ја заокружи со 20-11, а на полувремето имаше четири поени предност (33-29). Теодо ги доби и следните четвртини и на крајот заслужено се пласира во полуфиналето.

Милан Станојевиќ со 19 поени беше прв стрелец во победничкиот тим, додека кај Фени индустри, Георге Шарабидзе и Јане Петровски постигнаа по 14 поени.

Се вчитува...