Нема спас за Хамбургер

Резултатската криза на Хамбургер се повеќе се продлабочува, а со самото тоа шансите на овој тим за опстанок во елитата се сведуваат на теорија откако попладнево во Хамбург беше претрпен пораз пред своите гледачи од Херта со 1-2. Мечот почна одлично за Хамбургер, кој прв поведе во 25. минута преку Сантош, но гостите направија целосен пресврт во второто полувреме со погодоците на Лазаро и на Калу. По овој неуспех, бундеслигашот од Хамбург се наоѓа на претпоследното место на табелата (кое значи директна преселба во втората лига), со дури седум бода заостанување зад Мајнц на 16. позиција.

Фудбалерите на Ајнтрахт премногу лесно славеа на домашен терен над Мајнц со 3-0. Боатенг го отвори резултатот по само шест минути игра, по што домаќините до крајот на полувреме постигнаа уште два гола, преку Јовиќ и Ребиќ.

Најинтересно беше во Менхенгладбах, каде фудбалерите на Борусија со голот на Гинтер во 90. минута спасија бод против Хофенхајм, во драматичниот меч што заврши 3-3.

Резултати Германија:

Борусија М. – Хофенхајм 3-3, Хамбургер – Херта 1-2, Аугсбург – Вердер 1-3, Ајнтрахт – Мајнц 3-0.

Се вчитува...