Нема вајлд – карта за Шарапова на Ролан Гарос

Русинката Марија Шарапова нема да добие вајлд – карта за настап на гранслем турнирот Ролан Гарос, кој е прв турнир од ’големата четворка’ по нејзиното враќање на терените по 15-месечната суспензија поради користење на недозволени стимулативни средства. Претседателот на Француската тениска федерација, Бернард Гиудичели Ферандини, истакна дека Шарапова не може да добие специјална покана за настап на овој турнир, и покрај нејзиното завидно минато.

„Никој не може да ги побие нејзините две титули на Ролан Гарос, но, според правилата, ние не можеме да и дадеме вајлд – карта за настап на годинашното издание на Ролан Гарос. Таа имаше суспензија од 15 месеци, и ако има вајлд – карти за тенисер(к)и што се враќаат по повреди, нема начин да се даде вајлд – карта за тенисер(к)и кои се враќаат по суспензија поради допинг. Жал ми е за Марија, и за нејзините фанови, сигурно се разочарани, но наша мисија е да ја штитиме тениската игра и да ги сочуваме нашите високи стандарди“, изјави Бернард Гиудичели Ферандини.

Се вчитува...