Немања Матиќ без милост – пред него и „функционерите“ страдаат

По лошата форма на почетокот на сезоната, Манчестер Јунајтед се наоѓа во добро темпо на средината на сезоната, а „црвените ѓаволи“ повторно се едни од кандидатите за освојување на титула. Добрата тимска хемија во Манчестер се темели на строгите правила, пред се во тренинг центарот на клубот, каде забраната за употреба на телефони е само дел од долгиот списокот.

За секое прекршување на привилата одлучува посебна комисија во која се најискусните фудбалери на тимот и ги санкционираат останатите. Се казува парично, притоа сите средства на крајот на сезоната се донираат во хунанитарни организации, и постои целосно почитување на „хиерархијата“ од страна на сите фудбалери.

Имено, таква е и последната случка во која настрада англискиот репрезентативец и капитен на Јунајтед, Хари Мекгваер бил „фатен на дело“ како користи телефон од страна на Немања Матиќ. Најсмешно е тоа што и самиот Мекгваер се наоѓа во дисциплинската комисија, а пред Србинот нема попуст ни за „функциониери“.

„Морате да го исклучите телефонот пред влезот во теретаната и јас тоа го направив, но го земав телефонот со мене со цел да го вклучам кога ќе завршам, бидејќи по тоа следеше масажа. Не можев да се враќам во телефонот во соблекувалната, па беше кај мене, но Немања тврди дека технички дошло до кршење на правилата. Нема телефони во теретана, па и доколку е исклучен. Се бунев, но не помогна. И покрај тоа што јас сум во комисијата, тој е претседателот и морав да платам казна. Казните се јасни, а се дуплираат за натпревар. Плус, доколку задоцните на тренинг, состанок или патување, јасно е дека сте во неволја. Матиќ е пример за нас, ист е спрема секој и тоа е навистина добро за младите играчи“ – заклучи Хари Мекгваер.

 

Се вчитува...