Немања Обрадовиќ се збогува со Металург

Српскиот бек Немања Обрадовиќ објави дека го игра последниот натпревар во дресот на Металург и се збогува со тимот од Автокоманда. Од следната сезона тој ќе настапува за полскиот клуб Висла Плоцк.

Металург денеска во Битола му гостува на Еурофарм Работник во последниот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф со кој и ја завршува натпреварувачката сезона.

„Последен натпревар од сезоната и последен во овој дрес, со многу добри резултати и со стекнати многу пријателства за понатаму во животот. Јас ќе се сеќавам на оваа сезона засекогаш…Ви благодарам на сите за се“ – напиша Обрадовиќ на својат Фејсбук профил.

Обрадовиќ дојде во Металург на почетокот од оваа сезона од францускиот второлигаш Валенс. Тој беше прв стрелец и еден од најдобрите поединци во составот на Лино Червар во изминатава година. Но, иако со Металург имаше договор до 2018 година, сепак се реши порано да го напушти македонскиот клуб и уште на полусезоната договори соработка со Висла Плоцк.

obradovic fb

Се вчитува...