Необичен „гостин“ го прекина мечот на Хас во Мајами (ВИДЕО)

Мечот меѓу Германецот Томи Хас и Чехот Јан Весели на турнирот во Мајами доби непоканет гостин поради кој имаше осум минути прекин. Не станува збор за нјикаков „Џими Џамп“ туку за игуана која неочекувано се појави покрај теренот, а публиката и тенисерите се забавуваа со необичната ситуација додека луѓето од обезбедувањето се обидуваа да ја тргнат игуаната од теренот.iguana 111Додека траеше прекинот на мечот, Томи Хас ја искористи можноста и направи „селфи“ со необичниот „посетител“ на мечот на кој беше поразен со 6-7, 6-3, 7-5.

Се вчитува...