Неочекувано име во Торино: Јуве најде замена за Бонучи

Јувентус си најде замена за Леонардо Бонучи кој ова лето замина од клубот и се пресели во Милан. Помалку неочекувано засилување на стоперската позиција си најде „Старата дама“ во името на 22-годишниот Дарио Дел Фабро, кој доаѓа од редовите на Каљари.

Дел Фабро утре треба да се појави на лекарски прегледи во Торино, а во негово друштво ќе биде и крилниот офанзивец на Фиорентина, Федерико Бернардески.

Дел Фабро минатата сезона од Каљари играше како позајмен фудбалер во Серија Б, во редовите на Пиза, а претходно бил на позајмици и во Лидс и Асколи. Неговото име досега не се поврзуваше со Јувентус, но на крајот раководството на „Старата дама“ одлучи дека токму овој фудбалер има потенцијал за нивниот клуб.

Се вчитува...