Нестор-гол: Да им вратиме на Албанците за незаслужениот пораз во Скадар

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 часот) во Струмица ќе го одигра осмиот натпревар од квалификациите за СП 2018. Противникот е инспиративен, нашиот западен сосед Албанија, а мотивите се јасни, да се оствари нова победа, откако претходно „црвено-жолтите“ славеа и на гостувањето во Хаифа против Израел.

Не е заборавен и оној несреќен пораз на стартот од квалификациите во Скадар, кога Албанците не победија со 2-1, со голот на Беким Балај во 90.минута од натпреварот. Напаѓачот Илија Несторовски вели дека мотивите кај македонските фудбалери се огромни, за да им вратиме на Албанците за тој незаслужен пораз.

„Ова е за нас навидум еден обичен меч од квалификациите, но верувајте дека имаме огромни мотиви за да оствариме нов успех. Сакаме да продолжиме со добри резултати по триумфот што го остваривме во Хаифа, но и да им вратиме на Албанците за поразот во Скадар. Сите се сеќаваме, таму не заслуживме да бидеме поразени. Верувам дека ќе одиграме најдобро што знаеме и дека ќе ја имаме поддршката од публиката“, истакнува Илија Несторовски.

Се вчитува...