Нестор-гол ја реши Перуџа, Палермо се уште без пораз во Серија Б

Палермо повторно го слави Илија Несторовски откако македонскиот напаѓач го постигна голот за победа на сицилијанскиот клуб во дербито на петтото коло од Серија Б против Перуџа. Тимот на Перуџа допатува на Сицилија без пораз во досегашниот дел од сезоната, но сепак потклекна пред Палермо.

Несторовски беше стрелец на победничкиот погодок, со прецизен удар од белата точка на десетина минути до крајот.

Палермо се уште е без пораз во досегашните пет кола од Серија Б, собирајќи девет бода, четири помалку од Фросиноне.

Nestorovski I. (Penalty) Goal HD Palermo 1… by billiemccarroll

Се вчитува...