Несторовски го „олади“ Удинезе: Мислам само на Палермо

Илија Несторовски уште еднаш ја потврди лојалноста кон Палермо, експресно одбивајќи го интересот на Удинезе за неговите услуги. „Фриулијаните“ се надеваа дека ќе успеат да го доведат македонскиот голгетер во своите редови во јануарскиот преоден рок, но Несторовски јасно стави до знаење дека не размислува за менување на клупските бои.

„Среќен сум во Палермо, добивањето на капитенската лента ми е најдобар можен мотив да продолжувам да напредувам, но како член на Палермо. Имам уште три години од актуелниот договор и сакам да го испочитувам, имаме одличен тренер, играме убав фудбал и воопшто не размислувам за заминување. Мислам само на Палермо и како да му помогнам на овој тим да се врати во Серија А, бидејќи нашите верни навивачи тоа го заслужуваат“ – изјави Несторовски.

Италијанските медиуми најавуваат дека Несторовски како награда ќе доби нов договор со сицилијанскиот клуб, што би требало да биде потпишан до крајот на годинава.

Се вчитува...