Несторовски и Трајковски цврсто „грабат“ кон Серија Б

Палермо цврсто „граби“ кон Втората италијанска лига. Се помалку и теоретски шанси за Палермо дека ќе се избори за опстанок во Серија А, откако во 29. коло загуби убедливо со 4-1 на гостувањето против Удинезе.

Тимот на македонските репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски има малку надежи дека ќе се спаси иако секое коло се најавува дека ќе се атакува на победа.

Така беше и пред дуелот во Удине, но Палермо иако поведе на крајот мораше да се „задоволи“ со 4-1. Несторовски играше до 81. минута од натпреварот, додека Трајковски остана на клупата за резервни фудбалери.

Jakub Jankto Goal HD – Udinese 4-1 Palermo 19… by PatsaN4ik

По 29 кола, на девет рунди до крајот на шампионатот, Палермо има 15 бода доволни за 18. место. Пред нив е Емполи, на позицијата која обезбедува опстанок, со 22 бода.

Се вчитува...